- - Компактна камера 18,2 MP CMOS Црн
- - Големина на сензор на слика: 1/2.3"
- - Стабилизатор на слика
- - Оптички зум: 30x Дигитален зум: 120x
- - Најголема брзина на блендата од камерата: 1/2000 s Најмала брзина на блендата од камерата: 30 s ± 3EV (1/3EV step)
- - Снимање видео 1920 x 1080 пиксели Целосно HD
- - Вграден микрофон HDMI Wi-Fi Комуникација на блиско поле (NFC)
- - Литиум-јон (Li-Ion) 3,6 V
Напредните можности на објективот од ZEISS® со 30x оптички зум, Exmor R™ CMOS сензорот од 18,2 MP, процесорот за слика BIONZ X™, OLED Tru-Finder, екранот кој се врти за 180 степени и други делови се интелигентно сместени во извонредно лесно и компактно куќиште кое секогаш е подготвено за користење.
Зумирајте подалеку. Подобрете го приказот.
Објектив со 30x зум кој поседува квалитет од ZEISS®: Резултатот од искуството во оптика со голема прецизност на ZEISS® од век и половина е очигледен: овој објектив од 24-720 мм прикажува портрети, снимки одблиску и пејзажи во природен амбиент од секоја перспектива, со живописна острина и реален контраст. Повеќеслојниот анти-рефлективен T* слој од ZEISS® ефикасно ги елиминира одблесоците и отсјајот на површината..
Exmor R® CMOS сензор за неверојатна чувствителност: Колку повеќе светлина се пропушта до сензорот, толку подобро ќе изгледа конечната слика. Exmor R CMOS сензорот со 18,2 ефективни милиони точки има дизајн со задно осветлување кој пропушта четирипати повеќе светлина од стандардните сензори, има двапати поголема чувствителност на светлина, па дури и се одликува со технологија за паралелна A/D конверзија од Sony за намалување на шумот на сликата..
BIONZ X™ за повеќе детали и помал шум: За да ги претвори податоците од Exmor R® CMOS сензорот во слики со висока резолуција, процесорот за слика BIONZ X применува технологии за репродукција на детали, намалување на прекршувањата и намалување на шумот во одредени површини. Оваа комбинација овозможува репродукција на реалистични слики со пореални бои и текстури со исклучителна прецизност во реално време..
OLED Tru-Finder™ го подобрува приказот: OLED Tru-Finder визирот со голем контраст е многу посветол за разлика од постандардните електронски визири; сега има уште покомпактни димензии; прикажува приказ во живо и разни информации за снимањето, со цел тоа што го гледате на екранот да го добиете и во снимките; и се вовлекува заради преносливост, безбедност и практичност..
LCD екран кој се врти за 180 степени заради лесно обликување на кадарот: LCD екранот со висока резолуција на задната страна на фотоапаратот може да се заврти до 180 степени. Притоа, кога стоите пред фотоапаратот можете лесно да го погледнете LCD екранот и да го проверите кадарот пред да снимите автопортрет, на пример. Оваа флексибилност ви овозможува и удобност за задржување на вашата положба без напор додека набљудувате некоја сцена која сакате да ја доловите под низок агол..
Брзото поврзување преку Wi-Fi®/NFC™ го олеснува споделувањето: Користете го вградениот NFC (поле за комуникации во близина) за брзо поврзување со мобилни уреди со Android преку Wi-Fi®. Потоа, споделувајте ги омилените фотографии и видеоснимки за неколку секунди, испраќајки ги од фотоапаратот директно во паметните телефони и таблет-уредите на пријателите и членовите од семејството. Преземањето на PlayMemories Mobile во вашиот мобилен уред овозможува далечинско контролирање на фотоапаратот..
Пофлексибилни формати за видео: Новиот формат XAVC S овозможува снимање видеоснимки со неверојатно рамномерни движења и висококвалитетен звук кој е верен на оригиналните извори. Без разлика дали снимате во XAVC S или AVCHD формат со висока резолуција, во исто време ќе можете да снимате и поинаква верзија од истата сцена во компресиран MP4 формат наменет за на интернет кој е практичен за споделување..
GPS ја исцртува вашата патека: Вградениот GPS вметнува гео-ознаки во фотографиите и видеоснимките, за да можете прецизно да ги следите локациите во кои сте фотографирале при вашето патување. Подоцна, за да можете повторно да ја доживеете забавата која сте ја доловиле, искористете го софтверот PlayMemories Home од Sony за да се присетите на патувањата, без разлика каде на планетата сте ги снимиле со фотоапаратот. Со режимот за приказ во вид на мапа, патеката и сликите од патувањата се прикажуваат на мапа со патека..
Прстен за контрола и држач за држење: За уште подобро ракување, често користените функции за рачен фокус, зумирање во чекори, брзо зумирање и други функции можете да ги доделите на контролниот прстен во предниот дел на објективот, а потоа да пристапувате до нив и да ги користите веднаш кога ќе ви притребаат за време на фотографирањето. Згора на тоа, држачот на фотоапаратот е ергономски дизајниран за оптимална стабилност при ракувањето во секое време..
Интелигентниот активен режим спречува заматување: Не плашете се од рачното снимање. Интелигентниот активен режим, кој користи напредна технологија за анализа на слики од Sony и стабилизација на слика во 5 оски , врши компензација за тресењето на фотоапаратот. Овој режим го намалува заматувањето кое се појавува на сликите при рачно снимање или кога снимате додека го бркате објектот во акција..
Режими P/A/S/M за експозиција по ваша желба: Реализирајте ги вашите креативни замисли со режимите за експозиција: програма на AE (P)/приоритет на решетка (A)/приоритет на брзина на бленда (S)/рачен (M). Овие режими ви ја нудат потребната флексибилност за рачна контрола на експозицијата и прилагодување на заматувањето на заднината за да ја доловите саканата слика..
Прилагодливи поставки за лична контрола: Доделете често користени функции (режим на фокусирање, баланс на белата боја, ефекти на слика итн.) на прилагодливите копчиња за полесен и побрз пристап до тие функции за време на снимањето. На пример, можете да доделите 12 функции на функциското копче, а потоа притиснете го, изберете функција и прилагодете ги параметрите на функцијата преку прстенот за контрола или задното контролно тркало..
Извонредно брз, прецизен и интелигентен AF: Подобрениот алгоритам за откривање на просторот до објектот овозможува пооптимален и попрецизен погон на објективот за добивање уште побрз AF, за да можете да доловувате повеќе неочекувани моменти на едноставен начин..
Дигитална либела за еднакво балансирање на кадарот: Дигиталната либела на фотоапаратот се одликува со графика која е лесна за читање, јасно укажува кога фотоапаратот е нивелиран и овозможува детално прилагодување на хоризонталната положба при фотографирање. Таа помага да се избегне закосување на фотоапаратот, така што вашите снимки ќе изгледаат стабилно и одлично обликувани..
PlayMemories Camera Apps за внесување лични елементи: Подобрете го изразувањето на креативноста со PlayMemories Camera Apps, кои нудат сè поголем избор на одлични апликации кои лесно се преземаат. Не само што овие апликации ви нудат поголема функционалност, туку и извонредни опции за персонализирање на вашиот фотоапарат со цел да ги постигнете целите при фотографирањето..
Sony Cyber-shot DSC-HX90V, 18,2 MP, 4896 x 3264 пиксели, CMOS, 30x, Целосно HD, Црн
Sony Cyber-shot DSC-HX90V. Тип на камера: Компактна камера, Мегапиксели: 18,2 MP, Големина на сензор на слика: 1/2.3", Тип сензор: CMOS, Максимална резолуција на слика: 4896 x 3264 пиксели. Оптички зум: 30x, Дигитален зум: 120x, Опсег на фокусна должина: 4.1 - 123 mm. Wi-Fi. Тип HD: Целосно HD, Максимална видео резолуција: 1920 x 1080 пиксели. Дијагонала на екран: 7,62 cm (3"). Тип на визир: Електронски. Тежина: 218 g. Боја на производот: Црн