Надворешен безжичен GN60 блиц и LED со 1200лукси / 0,5м со брзо исфрлување и Quick Navi контрола
Доловете го моментот со совршено осветлување
Постигнете рамномерен и конзистентен баланс на светлината: Префрлете се од хоризонтален во вертикален режим и функцијата за брзо исфрлување ќе ја прилагоди позицијата на блицот со единечно рамномерно движење.
Снимајте реалистични бои кога светлината е слаба: Високата светлосна излезна моќ на GN60 и максималното LED осветлување од 1200 лукси за 0,5 метри овозможува снимање на сите суптилни детали кај фотографиите или филмовите.
Едноставни и интуитивни поставувања: Со јасниот матричен екран и тркалцето за рамномерна контрола, Quick Navi му обезбедува на фото апаратот функционалност на блицот како на самото тело.
Постигнете повеќе со напредните интелигентни функции: Функционира како надворешен блиц, контролер и контролер на соодносот на осветлување, за повеќекратно безжично фотографирање со блиц.
Добијте ја вистинската светлина во вистинско време: Автоматската контрола на зумот автоматски ги оптимизира аглите на осветлување во соглесност со големината на сензорот за слика на фото апаратот.
Попрецизен баланс и заситување на боите: Со автоматското прилагодување на балансот на белата боја и температурате на бојата, вие ќе можете да извршите компензација на променливите карактеристики на осветлувањето.
Погледнете го екранот при снимање во темнина: Допрете го копчето за осветлување на LCD екранот за да ги видите контролите кога снимате во слабо осветлени места.
Останете заштитени од прав и влага: Блицот е заштитно изолиран од прав и влага и е подготвен за снимање во тешки услови.
Користете го испорачаниот дифузер за дополнителна креативност: Користете го испорачаниот дифузер на блицот или филтер во боја (3200k) за да го додадете саканиот стил во вашите фотографии.
Безбедно чување на целата опрема: Блицот се испорачува со практична мека торбичка за носење и заштитно капаче за приклучокот за да можете опремата безбедно да ја носите со себе.
Sony HVL-F60M, Безжична врска
Sony HVL-F60M. Боја на производот: Црн, Компатибилност со брендови на камери: Sony, Растојание за снимање: 0.5 m